Поднесено обвинение за осум лица, Oбвинителството бара продолжување на куќниот притвор за Aртан Груби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против осум лица, меѓу нив и Артан Груби, за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението, со нивните дејствија на Државна лотарија ѝ била нанесена штета од над 507 милиони денари.

Обвинетите во текот на 2023 и 2024 година, според Обвинителството, овозможиле набавка на видеолотариски терминали. Тие, како што се наведува, постапиле и покрај тоа што Државна лотарија немала право самостојно да приредува електронски игри на среќа.

Првиотобвинетиот Прпарим Бајрами, екс директор на Државна лотарија е во бегство речиси една година, па е побаран притвор од 30 дена по неговото пронаоѓање. За вториот обвинет Артан Груби, кој во тоа време беше вицепремиер, е побарано продолжување на куќниот притвор.

За останатите обвинети, меѓу кои е и екс генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, се предложени мерки на претпазливост. Меѓу нив се одземање на патни исправи и забрана за контакти со определени лица.