Училиштата, градинките, клиниките и катните гаражи кои се во сопственост на општините и државата ќе може да се градат со поедноставна постапка и без да се плаќаат комунални услуги. Ова беше овозможено со измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градба.
Ова Николоски го нагласи на средбата со раководството на ЗЕЛС, чиј претседател Орце Ѓорѓиевски, каде рече дека иницијативата почна токму од ЗЕЛС и дека со Владата се работи за измена на Законот за експропријација, кој спречува многу капитални проекти, посебно во Скопје.
На средбата беше договорено да се формираат работни групи за измените на Законот за експропријација, со цел да се реализираат капитални проекти на ефикасен начин.