Поевтинува струјата за првите два блока, во новата цена на струјата се зголемува ДДВ-то од 5 на 10%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 1 јануари цената на струјата за домаќинствата од првиот и вториот блок ќе се намали. Во првиот блок ќе се намали за 4,11%, за вториот блок за 2,95% а за третиот блок ќе се зголеми за 0,85% и за четвртиот за 7,65%. Цената за првиот блок ќе биде 7,41 денар за киловат час, за вториот блок 7,84 денари за киловат час. Во третиот блок цената ќе достигне 8,74 денари и во четвртиот блок 18,81 денари, соопштија од РКЕ. Меѓутоа од 1 јануари во новата цена за електрична енергија се зголемува ДДВ-то од 5 на 10%.

За 20,15% ќе се намали цената на електричната енергија и за малите бизниси кои се дел од регулираниот пазар.

Бислимовски соопшти дека цената за пренос на електрична енергија се намалува за 8,66%, за дистрибуција за 19,54%. На почетокот на оваа година, струјата поскапе за 9,48% а се укина евтината дневна тарифа. Остана евтината тарифа во текот на ноќта и во недела. Според податоците на РКЕ граѓаните почнале да штедат повеќе електрична енергија. Бислимовски апелира така да се продолжи.