Следејќи го примерот на Лондон и другите светски метрополи, Подгорица неодамна доби нова атракција – панорамско тркало високо 40 метри, од каде има поглед кон целиот град.
Панорамското тркало се наоѓа во делот на градот преку Морача, веднаш до Споменикот на Св. Петар Цетињски, во близина на Ректоратот.
Како што велат во Службата за информации на главниот град на Црна Гора, Подгорица доби панорамско тркало за прв пат во историјата.