Поисплатливо е да купиме или да готвиме? Бектеши не ја коментира цената на брашното, но уверува дека има доволно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија има доволно пченица и нема потреба од паника – изјави министерот за економија, Крешник Бектеши во текот на посетата на фабрика за брашно. Кога го прашавме за цената, не сакаше да одговори.

Не е моментот за да направиме сензација бидејќи сите знаеме колку чини вреќа брашно.

Вреќа брашно се продава околу 800 денари, но Бектеши рече дека Министерството за економија не е регулатор на цените.

Како што вие во вашата телевизија не ја одредувате цената на рекламите, така и Министерството за економија не е регулатор. Се создаваат политики и секако тоа прашање го одредува пазарот и правиме максимални напори ти прашања да не паѓаат врз грбот на граѓаните.

Но што велат граѓаните за брашното. Поисплатливо е да купат или да готват?!

„Јас мислам дека доколку купите брашно и готвите, во тоа влегуваат и трошоците за струјата и секако цената се зголемува, но лебот поскап е, но разликата е многу мала. Јас повеќе би сакал да се готви дома.
Поисплатливо е да се готви дома.
Купуваме леб, не правиме никогаш дома, тамам работа“, велат граѓаните.

Вреќа брашно во 2020 година во истиот временски приод чинеше 550 денари, а сега е 850 денари. цената на пченицата во истиот временски приод во 2020 година беше 11, а сега е 22 денари за кило.