Покачената телесна температура на Спиро Ристовски го одложи судењето за „27 април“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 286 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Општина Центар ќе додели 400.000 денари за помош на Петриња во Хрватска

Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари...

Најзадоволни од професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економисти и правници

Над 70 отсто од економистите и над 50 проценти од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на  Brainster. На...

Без вода корисниците од повеќе улици од Скопје

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Видое Смилевски Бато“, „Панче Неделковски“, „Ќемал Ататурк“ и „Коста Абрашевиќ“, информираат...

Полска најави правни активности против Фајзер за недоставување на сите вакцини

Полска би можела да преземе правни активности против американската фармацевтска компанија „Фајзер“, бидејќи не се доставени сите договорени количини...

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година се одложува за 2 декември, откако според протоколите на обвинетиот Спиро Ристовски не му е дозволен влез во судската зграда поради покачена телесна температура.

Ристовски, присуствуваше на првиот дел од рочиштето, кога сведочеше премиерот Зоран Заев, но по паузата му била измерена повисока температура и не му било дозволено да влезе за  вториот дел, кога требаше да сведочи пратеникот Африм Гаши.

Заев, кој е повикан како сведок на одбраната, на прашање на бранителот на Трајко Вељановски, рече дека бил присутен на продолжението на конатитутивната седница на 27 април 2017 година во Собранието.

На прашање од Судот, што има да додаде во однос на конститутивната седница, Заев рече дека сака да даде свое мислење за случувањата на 27 април.

– Сите верувам дека посакуваат да не се повторат и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Не мислам дека главни осмилувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спире Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука, рече Заев.

Прашан дали има сознанија кои се конкретните организатори, Заев рече дека според негови сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски.

–  Не мислам дека се осмислувачи и организатори на тој настан и мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски, рече Заев.

Ова го кажувам, затоа што сум секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.