Покрај Хашим Тачи, пресуди денеска се изречени и за уште тројца поранешни лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Јакуп Красниќи е осуден на 25 години затвор, Кадри Весели на 18 години, додека Реџеп Селими доби затворска казна од 13 години.
Јакуп Красниќи е прогласен за виновен за воени злосторства, меѓу кои незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и незаконско убивање.
Кадри Весели, исто така, е прогласен за виновен за воени злосторства, вклучително незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и незаконско убивање. Нему му е изречена казна затвор од 18 години.
Реџеп Селими е осуден на 13 години затвор. И тој е прогласен за виновен за воени злосторства, меѓу кои незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и незаконско убивање.
Пресудите за тројцата се објавени во рамки на судскиот процес пред Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг, во предметот против четворицата поранешни високи функционери на ОВК.
Со овие пресуди, заедно со казната од 25 години затвор за Хашим Тачи, на четворицата им се изречени вкупно 81 година затвор.
