Поликлиника „Сарај“ работи со преполовен капацитет – општината се жали, министерот вели дека по Нова година ќе има нови вработувања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вршителот на должност, Градоначалник на општина Сарај, Илас Весели, со општинските советници од редовите на ДУИ, отидоа кај Поликлиниката Саај за да се уверат дека не работи во полн капацитет.

Поликлиниката има дневна амбуланта, стоматологија, педијатрија, лабораторија, ренген и фармација, но Весели вели дека моментално дел од одделенијата функционираат делумно, а дел од нив, како што се педијатрија и фармација не функционираат воопшто. Според него, граѓаните пак се обврзани да се обратат до другите општини за здравствени услуги. За сето ова, тој јавно го праша министерот за здравство.

Министерот за здравство, Арбен Таравари за ТВ21 објасни дека во поликлиниката работи само половина од потребниот кадар. Со цел капацитет, според него, ќе почне да функционира откако ќе има нови вработувања после нова година.

„Моментално таму е вработен само половина од потребниот кадар кој треба да ја покрие цела работа. По нова година ќе има нови вработувања и верувам дека Поликлника Сарај ќе може да работи во две смени. Моментално функционира само прва смена“, вели Арбен Таравари.

Инаку по осумгодишното чекање Поликлиниката Сарај конечно почна со работа на 10 јануари 2024 година. Им служи на околу 20 села од оваа област, значи на блиску 44 илјади жители.