Поликлиниката во Сарај е при крај, Груби и Беџети во „лов“ по заслугите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека жителите на Сарај го чекаат завршувањето на ветената поликлиника уште од локалните избори во 2017, функционерите во лов за преземање на заслугите. Бидејќи објектот е при крај, вицепремиерот Артан Груби и градоначалникот на оваа општина, Блерим Беџети со препсики кој што направил. Пред два дена Груби ја посети поликлиниката и се пофали дека објектот е завршен пред предвидениот рок.

-Речиси сме при крај, остана само уште да стигне опремата од Јавно здравје, нешто веќе е донесено. Вода, да, под, да…се. Се. Почетокот на поликлиниката беше во 2020, според договорот е до крајот на 2023. Според тоа што ми кажа, проектот е завршен многу порано-рече Груби.

Посетата на Груби не му се допадна на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, кој рече дека е мизерно да се промовира проект за кој нема никаков придонес.

-Мизерија. Навистина е очајно да се види како некој со ентузијазам промовира проект без да понуди никаков придонес за него. Поликлиниката во Сарај беше итна потреба на жителите на општина Сарај, додека на локалните избори во 2017 година и на оние од 2021 година, Поликлиниката беше едно од нашите главни ветувања и приоритетен проект во мојата предизборна програма. проект кој денес го промовираат, а го саботираа спротивставувајќи се на мојата кандидатура-изјави Беџети.

Како што може да се види од сликите, овој здравствен дом почна да се опремува, но следен чекор е опремување со медицинска опрема и персонал. А кога конечно ќе биде пуштена во употреба не се знае.
Регионалната поликлиника во Сарај од 1.600 м2 ќе опфати услуги како дневна амбуланта за семејна медицина, стоматологија, педијатрија, лабораторија, сала за рентген и аптека.

Истата ќе биде дел од Здравствениот дом во Скопје и ќе опслужува речиси 45 илјади жители од овој регион на главниот град кои немаат никаква поликлиника во општината, а најблиската е во општина „Ѓорче Петров“.