Големи немири избувнаа денес во Вашингтон , бидејќи демонстрантите успеаја да ја пробијат оградата и да влезат во Капитол Хил.

Според првите информации, едно лице е рането во градите, а неколку лица се повредени во судирот меѓу полицијата и демонстрантите.

Според американските медиуми, лидерите на Сенатот и потпретседателот на САД, Мајк Пенс биле евакуирани , а слики од хорор во Вашингтон го обиколиле целиот свет.
Имено, фотографите ја забележаа сцената на законодавците како се крие додека демонстрантите беа во Капитол Хил, лежејќи под клупите.

За потсетување, на денешната седница требаше да се потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, односно гласовите на „Изборниот колеџ“.
Претседателот Доналд Трамп, кој порано им се обрати на присутните на протестот во Вашингтон кога рече дека „не признава пораз“, ги повика граѓаните да соработуваат со полицијата и да бидат смирени.
