„Политичките партии треба да разберат дека се во една Влада, и нивна одговорност е како ќе се справат со корона кризата“, смета Кордалов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Специјалистот по односи со јавноста Бојан Кордалов во „10 минути“ на ТВ21 посочи дека денеска една голема придобивка што ја имаме е широка Влада.

„Сите политички партии и од власта и од опозицијата, треба да разберат дека се во една Влада. Оваа преодна, широка или техничка Влада е составена од сите и одговорноста дали ќе се справиме добро со коронакризата е на сите “, смета Кордалов.