Политиката за протестот на ССМ: Мицкоски вели има политичка позадина, опозицијата негира и го поддржува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„И јас сум за поголеми плати, но денешниот протест на Сојузот на синдикатите има политичка позадина,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека никој не треба да има сомнежи за ова!

„Но она што исто така треба да се каже и вистината да се погледне во очи, е фактот дека некои луѓе кои се дел од водството на овој синдикат, се заробени од политички амбиции и одредени политички фигури. И она што го прават таму има таква цел. Целта не е хумана, она што тие го прават сега на протестите, тие повикуваат на повисоки плати за работниците и слично, но напротив“, вели Христијан Мицкоски.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, вели дека неговата партија, покрај што ги поддржува барањата на синдикатите, нема никаква врска со организирањето на протестот. Филипче додаде и дека е јасно дека актуелната влада нема капацитет за добри економски политики и за исполнување на барањата на работниците.

„ Компаниите ја напуштаат земјата. Се соочуваме со голема криза. Сега ќе има ново задолжување од 300 милиони евра, ќе го слушнете тоа наскоро. Треба да се пополнат новите дупки во буџетот. Затоа, јас сум за принципиелна поддршка на барањата на кој било граѓански групи во државата. Луѓето треба да добијат помош“, порача Венко Филипче.

Со поддршка на протестот на синдикатите излезе и ДУИ. Пратеникот Блерим Беџети напиша дека кога работниците се принудени да излезат на улица за достојна плата, проблемот не е кај работниците туку кај политиката.

„Минималец од 600 евра не е екстремно барање, туку минимум за нормален живот. Зголемувањето на платите не е празна реторика, туку социјална правда. Денес се солидаризирам со протестот на синдикатите, затоа што држава што не ги штити своите работници, не може да има социјална правда“, вели Блерим Беџети.

Протестот го поддржува и опозициската партија Левица.