Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска полициски службеници учествувале на комеморативен марш низ улиците на Куманово, во чест на нивните колеги кои беа убиени на 9 мај 2015 година во населбата „Диво Насеље“.
Според МВР, активноста била организирана од Атлетскиот клуб „Аеродром“, а во маршот учествувале десетици припадници на различни полициски единици. Маршот започнал од Идризово и продолжил кон Куманово.
Надлежните велат дека станува збор за активност при која не биле регистрирани никакви инциденти или навреди кон граѓаните.
Од МВР додаваат дека вакви активности биле организирани и претходно и дека маршот се одвивал со придружба на службени полициски возила.
