Ацо Мартиновиќ денеска изврши масовно убиство во Цетиње и избега. Во тек е голема полициска потера. Полициската управа на Црна Гора објави фотографија од осомничениот Ацо Мартиновиќ.
Според црногорските медиуми, загинале меѓу пет и седум лица, меѓу кои и двајца малолетници.
На се’ претходела тепачка во кафаната „Велестово“, блиску до Спортскиот центар, пишува Вијести.

Како што пренесува РТЦГ, Мартиновиќ претходно бил во конфликт со Д.К., кого го сретнал во кафана. Наводно отишол дома да земе пиштол, се вратил во локалот каде убил и ранил неколку лица.
Потоа отишол во селото Хумци каде, според РТЦГ, убил малолетници – децата на сопственикот на кафаната. Има различни податоци за женската личност која случајно се нашла таму. Според некои медиуми таа е ранета, а други пишуваат дека е убиена.
Во соопштението на Полициската управа на Црна Гора, не се работи за мафијашка пресметка. Ацо Мартиновиќ веќе и е познат на полицијата, неколку пати бил апсен за недозволено поседување оружје.
Поради немање полиција во Цетиње, полицијата од Подгорица го обезбедува местото на настанот и трага по сторителот.
