Во полициската управа и надлежното државно правобранителство денеска се одржа прес конференција во која се открија детали од истрагата за нападот на плоштадот Св. Марко во Загреб.
На прес-конференцијата присуствуваа началникот на полицијата Никола Милина и обвинител од окружниот суд во Загреб, Јурица Илиќ.
Хрватската полиција објави и видео снимка од овој напад.
„Објавивме снимки за да видиме што се случило. Полицијата спроведува широка кривична истрага. Потврдено е дека станува збор за обид за тешко убиство на тројца полицајци. Постојат елементи што укажуваат на терористички модалитет. Продолжуваме со обемни мерки и активности за расветлување на сите околности“, рече Милина.
Тој додаде дека уапсено е уште едно лице коешто го поврзуваат со настанот на плоштадот Свети Марко.
„Денес приведовме едно лице на подрачјето на Сисак-Мославина, кое може да го поврземе со настаните на плоштадот Свети Марко. Тоа лице е во притвор и ќе биде сослушано од општинскиот државен обвинител во Сисак.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!
