Полицијата употреби водени топови и солзавец против демонстрантите во Грузија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грузиската полиција употреби водени топови и солзавец против демонстрантите кои се собраа пред зградата на Централната изборна комисија (ЦИК) во неделата за да побараат, заедно со опозицијата, повторување на парламентарните избори на крајот на октомври, за кои тврдат дека се наместени.

Илјадници луѓе се собраа на Главната авенија за да протестираат мирно, а помалите групи ја гаѓаа полицијата со камења, по што следеше нејзиниот одговор.

Полицијата соопшти дека демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата ЦИЦ.

„Бидејќи демонстрантите користеа насилни методи и не ги следеа упатствата на полицијата, Министерството за внатрешни работи употреби пропорционална сила во рамките на своите овластувања“, се вели во соопштението.

Опозицијата бара оставка од шефицата на ЦИК Тамара Жванија и повикува на нови избори.

Според официјалните резултати од изборите на 31 октомври, владејачката партија Грузиски сон освои 48,23 проценти од гласовите, додека најголемата опозициска партија, Обединетото национално движење (УНМ), освои 27,18 проценти од гласовите.

Откако владејачката партија доби право да формира влада во согласност со резултатите, осум опозициски партии најавија бојкот на парламентот.