Експлозија во хидроелектрана во Швајцарија, двајца загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа во средата во експлозија во стара хидроелектрана во јужна Швајцарија, соопштија локалните власти. Експлозијата се случила по избувнувањето на пожар во постројката во селото Пиоти. Двајца мажи биле зафатени од пожарот и подоцна им подлегнале на повредите, според полицијата на кантонот Тичино.

Еден од загинатите работници бил 55-годишен швајцарски државјанин, додека идентитетот на вториот маж сè уште се утврдува, соопшти полицијата. Експлозијата предизвикала и значителна штета на објектот, а причините и точните околности се предмет на истрага, се додава во полициското соопштение.

Националниот радиодифузер RSI објави дека старата хидроелектрана во моментов е во фаза на реновирање.