Полицијата во Казахстан испитува како се појавило украинско знаме за време на посетата на Путин во Астана

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поицијата во Казахстан истражува кратко прикажување на украинското знаме на голем LED екран во главниот град Астана за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Министерството за внатрешни работи на Казахстан, пренесува Ројтерс.

Украинското знаме – со хоризонтални ленти од сина и жолта – накратко се појави во средата вечерта на местото на руската бела, сина и црвена тробојка на екранот лоциран на една од главните булевари во Астана. Путин во тоа време веќе бил во градот, а екранот набрзо бил исклучен, но сликите и видеата од инцидентот брзо се прошириле низ интернетот.