Министерството за внатрешни работи спроведе акција и по што до Основно јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против С.Р.(47) од Скопје, за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.
Имено, по преземени истражни дејствија – претреси на дом и други простории на подрачје на Гази Баба во Скопје, при извршен претрес на дом и други простории каде што С.Р. живее, пронајдени се и одземени поголема количина на ампули дијазепам и 97 шишиња со метадон во амбалажа од по 10мл., поради сомнение дека илегално ги набавил и ги препродавал на нарко зависници.
Од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на С.Р. му е одредена мерка притвор.
