Полициска акција во Липково: Пронајдена дрога и оружје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во текот на вчерашниот ден, полициски припадници на МВР спpовеле акција на територијата на Општина Липково, при што се уапсени две лица од селoто Никуштак.

Според информациите од МВР, при претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки.

Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на едно од лицата одреди мерка притвор, додека на второто мерки на претпазливост.