Земјата се подготвува за најкритичната фаза со кронавирусот во следните 2-3 недели. Пикот се очекува да се достигне по 3 недели, при што бројката може да се искачи од 2000 до 2500 заразени лица. Премиерот, Оливер Спасовски, рече дека не се знае колку ќе трае и кога ќе заврши ова ситуација, затоа се потребни поригорозни мерки за да се спречи ширењето на вирусот.
На Владина седница беше донесена одлука полицискиот час да почне од 16 часот и да трае до 5 часот наутро следниот ден, а во текот на викендот полицискиот час ќе трае од петок 16 часот до понеделник до 5 часот наутро. Мерките стапуваат на сила од среда.
Исто така, на лицата под 18 години ќе им биде забрането движењето целосно, освен од 13 часот до 15 часот во работните денови. На постарите лица на возраст над 67 години не им е дозволено воопшто да се движат, освен од 10 до 12 часот. Забрането е движење на граѓани во групи од повеќе од две лица на јавни места.
Премиерот, Спасовски зборуваше и за новиот начин на славење на Рамазан и Велигден.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Владимир Микиќ, вели дека мерките се неопходни и дека доколку не се воведат вакви мерки бројот на заразени уште повеќе ќе се зголеми.
Спасовски рече дека има уште поригорозни мерки, но апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да нема потреба од воведување на уште поригорозни мерки.
