Изолацијата за 1 Мај предизвика негодувања меѓу членовите во Влада, бидејќи министерот за здравство Венко Филипче предложи изолацијата да трае од петок до понеделник.
Но не мисли исто и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој предложил и овој викенд да биде како минатиот, кога полицискиот час започна во сабота во 15 часот и траеше до понеделник наутро во 5 часот.
За ставот на Чулев, Филипче рече дека не е време да се повикуваме на лични ставови и желби.
Комисијата за заразни болести побарала полицискиот час да трае од четврток навечер до понеделник.
