Колку години се потребни за решение за депонијата во село Никуштак во општина Липково? Уште во 2013 година тогашниот градоначалник на Липково Садула Дураку како решение ветил регионална депонија во регионот на Куманово.
„Направена е Визибилити студијата каде што е утврдено да стане заедничка депонија на регионот и проектот е започнат во оваа насока. Министерството за животна средина има сознанија за оваа проблематика. Мислам дека за многу кратко и брзо време ќе се реши овој проблем и граѓаните ќе имаат почиста животна средина“, рече тогаш Дураку.
Во мај 2021 година истиот проект беше промовиран од актуелниот градоначалник Еркан Арифи.
„Формирано е заедничко меѓуопштинско претпријатие каде што проектот го доби Европската Унија преку Министерството за животна средина за изградба на фабриката која ќе се гради во градот Куманово и врз основа на таа апликација на општина Липково иприпаднаа два големи камиони кои ќе се користат за собирање отпад“, вели Арифи.
На 16 март 2022 година надлежните се уште зборуваат за истиот проект кој никаде го нема.
Регионалната депонија во Свети Николе се уште треба да чека. Неодамна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини изјави дека за 2 ипол години колку што е во овој ресор ,работел на оваа проблематика.
„Ова е 2-годишен процес на кој работевме на да земеме заем. Аплициравме и за други фондови, но досега без успех, поради кризата, економската, енергетската . Веруваме и очекуваме до јуни да го потпишеме заемот на Европската банка за обнова и развој. Потоа започнуваме со набавка на овие средства“, вели Нуредини.
За да се ублажи состојбата со депонијата, актуелниот градоначалник на Липково, Еркан Арифи во првиот мандат вети дека во рок од шест месеци ќе ја загради со ѕид.
„Депонијата што ја имаме во село Никуштак да ја заградиме со ѕид за да не ги попречува нивите и луѓето што минуваат таму“, рече Арифи.
Минатата година го вети истото, сега сме 2022 година сè уште нема поставено ниту една тула од ѕидот. Регионалната депонија се очекува да биде лоцирана во Свети Николе, која ќе се користи за собирање отпад од Куманово и Липково. Во меѓувреме, општина Липково со години ја водат кадри на ДУИ, исто како и Министерството за животна средина и просторно планирање, со исклучок на неколку години.
