Од денеска земјава се наоѓа во портокалова алертна фаза поради засилен ветер и врнежи од дожд.
Според информациите наместа ветерот ќе стигнува брзина и над 70км на час. Метеролозите веќе најавија дека во следните два дена земјата ќе биде зафатена од циклонска активност проследена со врнежи од дожд и снег.
Синоптичарите најавуваат повеќе врнежи во северозападните делови и зголемување на снежната покривка на планините. На планините ќе има и појава на снежни наноси поради силниот ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината услови за снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во вечерните и ноќните часови.
