Полска од Унгарија го презеде претседавањето со Советот на Европската унија (ЕУ) на шест месеци. Унгарскиот премиер Виктор Орбан негуваше агресивен курс кон Брисел и се оттуѓи од своите партнери со „мировна мисија“ и непланирани посети на Москва, Киев и Пекинг.
„Полското претседателство со Советот ќе биде контрапункт на она што се случи во последните шест месеци“, предвидува експертот за Источна Европа Каи-Олаф Ланг од Фондацијата за наука и политика (СВП) во интервју за „Дојче Веле“.
Полскиот премиер Доналд Туск е искусен европски политичар. Како претседател на Европскиот совет, помеѓу 2014 и 2019 година, а подоцна ја предводеше Европската народна партија (ЕПП). „Никој во ЕУ не може да ме надмудри“, рече тој борбено во својата прва изјава како премиер во декември 2023 година. Пред тоа, тој победи на парламентарните избори и ја замени десничарската конзервативна влада предводена од партијата Право и Правда (ПиС) по осум години од нивното владеење.
Претседателството со Советот сега му дава одлична можност на Туск да ги спроведе своите најави и да покаже дека Полска, по 20 години членство во ЕУ, повеќе не е чирак, туку може да биде и пример за „старите“ земјите-членки.
За Македонија претседавањето на Полска со ЕУ не се очекува да донесе ништо ново. Барањата се јасни, промена на Устав и внесување на Бугарите. Претхдно унгарскиот премиер Виктор Орбан се понуди како посредник во спорот, но Бугарија категорично одби.
