Полска го презема претседавањето со ЕУ: Проширувањето на унијата не е во фокусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По Унгарија од денеска Полска го презема претседавањето со ЕУ. Под мотото „Безбедност, Европа“ Варшава планира да се посвети на седум димензии на концептот за поголема безбедност на Унијата.

Полска ќе биде насочена кон зајакнување на надворешната, внатрешната, кибер, економската, енергетската, прехранбената и здравствена безбедност на ЕУ и нејзините граѓани.

При презентацијата на приоритетите на претседавањето со Полска, полскиот премиер, Доналд Туск, изјави дека Варшава ќе работи на овие седум сфери на безбедноста во услови на период на предизвици за ЕУ поврзани со „кризите во Украина и на Блискиот Исток и случувањата во Грузија“.

Од таму, Варшава ќе се фокусира на максимално зголемување на поддршката за Украина, одржување на сегашните политики на ЕУ кон Русија и Белорусија и на зајакнување на безбедноста и отпорноста на Унијата и нејзините партнери.