Помина 1 месец, мостот „Беласица“ затворен – Арсовска: Се врши вештачење, потоа ќе одлучиме како ќе постапиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првичните испитувања на експертите покажаа дека мостот Беласица во Скопје кој беше зафатен од пожар пред околу еден месец, може да пуштен во употреба за пешаци, велосипедисти и една лента за возила.

Вака изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која додаде дека безбедноста на граѓаните е на прво место, затоа нема да брзаат да го пуштат за сообраќај.

Во моментов се врши вештачење кое се очекува да заврши за 20 дена и потоа ќе се знае дали мостот треба да се санира и уште колку време ќе биде затворен за граѓаните.

Иако помина еден месец од пожарот на мостот Беласица, причините и виновникот се уште не се познати. Градоначалничката на Скопје апелира до органите на редот да постапуваат побрзо за откривање и санкционирање на виновниците.

Инаку, затворањето на мостот Беласица кој ја поврзува Железничката станица во Скопје со ТЦ Ист Гејт Мол предизвикува голем сообраќаен метеж.