За работите да бидат поинтересни, станува збор за норвешка компанија.
Веќе со месеци виси во воздух, особено по последната голема несреќа кога бродот Фелисити Ас кој превезуваше повеќе од 4.000 нови автомобили потона поради пожар кој беше невозможно да се изгасне. Погодувате, се работи за електрични автомобили и големи проблеми при гаснење пожари на вакви возила. Веројатноста за пожар не е поголема отколку на бензинска или дизел станица, но гаснењето на пожар е многу покомплицирано.
Токму затоа многу бродски компании размислуваат за воведување забрани за превоз на електрични возила, барем додека не се направат потребните измени на системите за заштита од пожари на бродот. Првата бродска компанија која одлучи да го забрани транспортот на електрични автомобили е Havila Kystruten, а доаѓа од Норвешка, земја која го држи светскиот рекорд со најголем удел во продажба на електрични автомобили на пазарот на нови возила.
Шпедитерската компанија не застанува тука, па забраната важи и за хибридите и за сите возила на водород. Сообраќајот со траект за сите е забранет, на туристичката релација Киркенес-Берген.
Како причина тие го наведоа фактот дека оган од електричен автомобил на брод би бил крајно опасен, особено што посадата не е обучена или опремена за такви специјални операции за гаснење. Освен специјална опрема, потребни се и многу поголеми залихи на вода за гаснење на пожарите. И додека пожарот на бензинска пумпа или на дизел мотор може да се изгасне со помалку од 4.000 литри вода, повеќе од 45.000 литри вода се потребни за да се изгасне електричен автомобил.
„Знаеме колку е важен транспортот на возила за луѓето долж брегот и за патниците, но одлуката се заснова на нашата безбедносна проценка. Заклучокот од анализата на ризик покажува дека можните пожари во возилата на фосилни горива би можеле да се решат преку системите и Екипажот што го имаме на бродот“, рече тој. Бент Мартини, директор на компанијата и додаде: „Евентуален пожар на електрични, хибридни или водородни автомобили ќе бара надворешни спасувачки напори и може да ги загрози луѓето на бродот и самиот брод“.
Сосема спротивна е ситуацијата со бродската компанија TT-Line, чии бродови пловат на Балтикот, и која го популаризира транспортот на електрични автомобили со поставување полначи со моќност до 40 kW. Инсталира до 32 wallbox полначи на секој брод.