Димовска: Судството не смее да биде трета власт со „бронзен медал“!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судската власт мора да биде независна, професионална и рамноправна со останатите две власти, а не институција чија улога се потценува.

Претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во интервју за Курир нагласува дека судиите мора да одлучуваат слободно, без политички и други притисоци.

Таа порачува дека додека е на чело на судот, нема да дозволи судските постапки да бидат инструмент за исполнување туѓи интереси или однапред подготвени сценарија.

Според Димовска, законот мора да се применува еднакво за сите, без привилегии и исклучоци.