Не поминаа ни 24 часа, а веќе многумина се понудија за помош за Владо Јовановски, кој во емисијата „И Јас Сум Тука“ на ТВ21 упати апел да му се помогне да му се врати повторно на нормалниот живот.
Него го посети и министерот за здравство Арбен Таравари. Откако го праша за случајот и здравствената состојба, му понуди помош.
И многу други граѓани на различни начини се понудија за помош, нешто што ни го кажа самиот Владо.
За помош се понудија и хуманитарни организации, меѓу кои и Свети Спас.
Владо допре до срцата на многу хумани луѓе, со надеж Новата Година да ја дочека во подобра здравствена, но и финансиска состојба.
Владо е неподвижен откако пред 2 години го нападнале кучиња скитници нанесувајќи му тешки телесни повреди.
БИЛЈАНА НИКОЛОВСКА / САДИКЕ Х. БЕЉУЛИ
Целата сторија можете да ја погледнете ТУКА!