Поплаки за новата директорка на Козле – за лошо менаџирање, своеволност, психолошко вознемирување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поплаки за новата директорка на клиниката Козле, Каролина Симоновска. ТВ21 дознава дека вработените се жалат за многу прашања како отпуштање експерти оставајќи ги екипите со млади лекари без искуство, несоодветен менаџмент, кршење на процедурите, злоупотреба на ресурсите, неприфатливо однесување, психолошко вознемирување и измислици.

На пример, меѓу идентификуваните проблеми, од тоа што дознава ТВ21, двајца од најискусните членови од тимот за бронхоскопија си дале отказ поради неможноста за соработка со директорката која ги прифатиле отказите без дискусија, оставајќи ја екипата со млади лекари без искуство што го загрозува здравјето на децата.

Од друга страна, лекарите исто така се жалат дека директорката формира нови тимови за алергологија и спирометрија, игнорирајќи ги искусните експерти и носејќи одлуки без консултација, кршејќи ги постоечките статути и назначувајќи лекари со помалку искуство на раководни позиции, а барањата на персоналот не се ставаат на дневен ред на состаноците на управниот одбор. Лекарите исто така се жалат дека единствениот експерт за туберкулоза кај децата е деградиран, а на раководителите на надлежните оддели им се одземени надлежностите.

Освен жалбите на вработените од менаџерски аспект, жалби имаат и за однесувањето на директорката која создава атмосфера на заплашување и тензија практикувајќи психолошко вознемирување врз средниот медицински кадар, особено врз лаборантите.

ТВ21 се обиде загриженоста на лекарите да ја претстави и пред камера, но колку што разбравме, сега за сега, поради страв од последиците, не беа подготвени за такво нешто. Заради тоа му се обративме со прашање на министерот за здравство, Арбен Таравари кој беше запознаен со случајот.

„Разговарав со директорката. Не знам колку се вистинити овие изјави дека има притисок. Колку што знам, сите Албанци што работат таму немаат некои посебни проблеми, барем кај мене не е дојдена таква информација. Доколку директорката лошо се однесува, тогаш Министерството веднаш ќе преземе мерки. Во секој случај, следните денови ќе ја посетам болницата Козле, имаше и група лекари, не само Албанци, Македонци, но и Албанци, главно повеќе Македонци, кои дојдоа и изразија некаква загриженост за однесувањето на директорката, но без дефинитивен наод не треба да се преземат итни мерки“, вели Арбен Таравари.

Дали Таравари ќе преземе нешто, останува да се види следниве денови, меѓу другото, она што ги загрижува вработените е тоа што ситуацијата бара итна интервенција за да се гарантира потребниот начин на менаџирање како и заштитата и благосостојбата на пациентите.