Поплави во Србија – во делови прогласена вонредна состојба, армијата на терен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поради обилните врнежи од дожд кои непрекинато паѓаат во Нови Пазар драстично е зголемен водостојот на Рашка, Јошаница, Трнавица и Видрењак, со тенденција за натамошно покачување. Во тој град е воведена вонредна заштита од поплави, реките се уште не се излеани и се следи состојбата. Директорот на јавното претпријатие „Србијаводе“ Горан Пузовиќ вели дека во Тутин е прогласена вонредна состојба, каде во моментов состојбата е најтешка.

Претседателот Александар Вучиќ издаде наредба за ангажирање на припадниците на Армијата во борбата против водената стихија. Министерот за одбрана Милош Вучевиќ и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ се на пат за Нови Пазар.

Во општина Пријепоље врнежите доведоа до покачување на нивото на реката Лим , која однесе дел од оградата на спортските терени „Орси“ во населбата Шарампово, на влезот во оваа општина.

Невреме и во регионот. Обилните дождови и ненадејното зголемување на водостојот на реките создаваат големи проблеми на локалните патишта и  во неколку општини на северот на Црна Гора . Страв од поплави има од Лим и Бистрица, а водостојот на Морача достигна 11 метри.

Силно невреме проследено со дожд  го зафати Дубровник . Во дел од Хрватска, претежно во Горски Котар и Лика, врне снег, додека во другите области врне дожд и дува силен ветер, јавуваат медиумите во таа земја. Првиот снег оваа есен падна и на Сљемен.