Попов: На крајот од денот очекуваме голема победа на професорката Гордана Силјановска Давкова

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во вечерната емисија на ТВ21 „Изборен маратон“ во директно вклучување од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, советникот Сергеј Попов вели дека вечерва очекуваат голема победа на Силјановска Давкова.

Ова е одличен ден за ВМРО-ДПМНЕ но и одличен ден за Република Македонија од оние податоци коишто стигаат до нашиот аналитички центар разликата помеѓу Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски е повеќе од 2 спрема 1 еве ако ми дозволите ќе прочитам одредена информација на 40% од обработените избирачки места професорката Силјановска има 152.886 гласови а господинот Пендаровски има 76.628 или во проценти 44.89% наспроти 20.84%. Ова кажува дека на крајот од денот очекуваме голема победа на професорката Гордана Силјановска Давкова, рече Сергеј Попов, советник од ВМРО-ДПМНЕ.