Попов: Срамота е СДСМ да зборува за студентите – Стојчевски: Во време на ВМРО-ДПМНЕ студентите беа тепани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателите на СДММ, Трајче Стојчевски и на УМС, Сергеј Попов денеска се гости во емисијата „Daily Click“ на ТВ21.

Дебатиравме за студентите и студентските домови, по што двете страни се обвинија меѓусебно за состојбата.

Според Попов, срамота е СДСМ да зборува за студентите.

„За тема студенти СДСМ е срамота да зборува. Срамота е да се зборува дека започнале реконструкција на два студентски дома навистина е срамота“, вели Попов.

По ова реагираше и Стојчевски кој порача дека во време на ВМРО-ДПМНЕ студентите биле тепани.

„Прво треба да се извините што пет студентски града не направивте, а потоа да се извиниме што ВМРО-ДПМНЕ беше 11 години власт, кога студентите беа тепани по улиците, од страна на ЕБР, беа прогонувани затоа што си ги бараа своите права“, вели Стојчевски.

Попов: Тогаш ги прелажавте, ги извадивте на протести и ги прелажавте, 2016 година немој да ја споменуваш затоа што во 2016 година им дадовме помош на студентите.. Сакаш да прошетаме на улица?

Стојчевски: Може, ќе прошетаме, 7 месеци сте власт… какви ставови имаше во екот на кампањата… За 2016 треба да се извините, затоа што на младите им ветувавте дека ќе изградиме пет студентски центри во пет различни градови, ветувавте.

Целите изјави во продолжение: