Сергеј Попов од УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Трајче Стојчевски од СДММ, се соговорници денеска во „Дејли Клик“ на ТВ21.
Попов реагираше на кажувањето на Трајче Стојковски за тоа како се грижат за младите.
„Во СДСМ бирањето на лидер за да и се довери на СДММ, не значи дека гласот на младите е слушнат. Гласот на младите кога ќе биде слушнат кога ќе се реализира некаков проект за нив, како што е на пример средување на условите во студентски дом. Во студентските домови не беше закована шајка, иако имаше директор кој доаѓа од СДММ. Да се грижиме за младите значи да се реализираат проекти, а не колку млади имаме на функции како директори и управители“, рече Попов.