Владината одлука Елем Турс да се оддели од АД Електрани на Северна Македонија и потоа да започне постапка за преминување на Попова Шапка во јавно-приватно партнерство која ја поздравија од иницијативата Да ја спасиме Попова Шапка.
Од таму велат дека тоа и било нивното прво барање откако се појавиле на сцена. Но Хамди Сулејмани вели дека тие ќе ја следат целата постапка бидејќи компанијата кога ќе се избере треба да биде компанија што го менаџира туристичкиот центар а не некоја компанија која ќе се пријави како странска а реално зад неа ќе стои политичар или лица блиски до политиката.
„Концесионерот треба да има две или три референци дека работи на Балканот или Европа, затоа и ние како иницијатива побаравме учество во тие комисии за да се види добро како да се подготви документацијата за концесија. Кои ќе бидат критериумите за конкуренција на концесионерите и нема да дозволиме на ниеден начин да конкурираат само со имиња или компании од надвор и зад нив да стојат луѓе бизнисмени или политичари од земјава или регионот“, истакна Хамди Сулејмани.
Според Сулејмани, за владата да има успех ќе треба првично да ја изгради жичарата Тетово –Попова Шапка бидејќи, како што вели, вака полесно ќе можат да привлечат странски инвеститори.
„Еден ден претходно тие да започнат со постапката за техничката документација, подобро е и за нив бидејќи утре ќе имаат силна основа за да се понуди концесија. Жичарата е главен елемент да се реши проблемот на Попова Шапка“, вели Сулејмани.
Долгите колони на Попова Шапка поради немањето паркинг и поради тоа што со години не е инвестирано, предизвика активистите постојано да протестираат во врска со ова прашање. Политичките партии години по ред ветуваат дека Попова Шапка ќе стане туристичка точка која ќе биде меѓу најпознатите во Европа, но во текот на вчерашниот ден Владата донесе одлука Попова Шапка да се тргне од рацете на Елем Турист.
