Поповски: Македонската економија има големи технолошки слабости

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Универзитетскиот професор Никола Поповски во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21 истакна дека македонската економија има големи технолошки слабости.

„Со оглед дека е пандемија, не е епидемија, може да се сфати дека ги покрива некои од слабостите и на светската и на нашата економија. Секаде во светот сме во иста состојба, но не само што покрива туку и отвора перспективи, ја реструктуира економијата, ни покажува можеби некои идни правци, ни ја покажува важноста на новите знаења и технологии кои можат да имаат улога во економијата во иднина на среден и долг рок, но ни ги покажува и сегашните слабости“, вели Поповски.

Тој истакнува дека нашата економија има едно ниво на технолошко заостанување во однос на светската економија.

„Македонската економија има едно ниво на технолошко  заостанување, релативно во однос на светската економија и сега ова брзо ќе не освести дека тие традиционални гранки кои не се отпори на вакви шокови, здравствени во случајов, но некогаш може да бидат и пазарни или глобални се поизразени, додека овие новите сектори, новите технологии ги прават поурамнотежени и поприфатливи на тие шокови, значи да прифатиме дека ги покрива слабостите но и отвора перспективи“, посочи Поповски.