Поради честите несреќи, пад на довербата на Американците во воздушниот сообраќај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Довербата на Американците во воздушниот сообраќај и федералните агенции одговорни за одржување на воздушната безбедност малку се намали во споредба со минатата година, по неодамнешната несреќа во Вашингтон, но повеќето граѓани сè уште веруваат дека воздушниот сообраќај е генерално безбеден, според истражувањето на АП и NORC Центарот за истражување на јавни работи.

Истражувањето покажува дека 64 отсто од возрасните во САД веруваат дека патувањето со авион е „многу безбедно“ или „донекаде безбедно“.

Тоа е малку намалено во однос на минатата година, кога 71 отсто од Американците мислеа дека патувањето со авион е безбедно.

Во САД во последните недели се случија на низа авионски несреќи. Најголемата беше во Вашингтон, кога хеликоптер се судри со патнички авион, пред слетувањето на аеродромот „Роналд Реган“, при што загинаа сите 67 лица, од кои три лица од хеликоптерот.