Поради екстремно загаден воздух, училишта во Индија преминуваат кон онлајн учење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Индиската влада им наредила на училиштата во Делхи да се префрлат на онлајн учење, поради загаден воздух. Исто така побара од владините оддели да ги прераспределат часовите на персоналот и воведоа ограничување на возилата во главниот град, откако квалитетот на воздухот драстично е влошен.

Утре се очекува да биде уште полошо, а тоа претставува ризик за здравите луѓе, но сериозно ги погодува оние со хронични заболувања.

Ограничувањета беа наметнати поради „екстремно неповолни временски услови, вклучително и слаб ветер“.

Делхи го имаше најголемото загадување во сезоната минатиот месец, принудувајќи ја владата да ги затвори училиштата и да ги советува бизнисите да дозволат половина од нивните вработени да работат од дома.