Италија планира да го прошири пакетот мерки со кои ќе сака да ги ублажи последиците од епидемијата на коронавирусот, најавувајќи прекин на плаќањето на режиските трошоци, даноците и хипотеките. Владата ќе одобри мерки од 10 милијарди евра, рече министерот за економија, Стефан Патуанели.
Тоа би значело дека ќе издвојат 2,5 милијарди евра повеќе од што е планирано досега. Првиот круг од мерките ќе предвиди прекин на плаќањата на режиските трошоци, даноци и хипотеки, за да се ублажи притисокот на малите компании и домаќинства.
Останатите мерки дополнително би биле воведени.
„Ќе бараме да се сменат правилата, во спротивно луѓето ќе умираат“, нагласи италијанскиот министер.
Во Италија во понеделникот се забележани 9172 случаи на заразени со корнавирусот, 463 лица веќе починаа, што Италија ја смести на второто место по смртност после Кина.
