Поради ескалацијата на Блискиот Исток, повеќе од 1.100 летови пренасочени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради наглата ескалација на безбедносната состојба на подрачјето на Иран и поширокиот регион на Блискиот Исток, односно поради американскиот и израелскиот напад врз Иран и иранските одговори, при што се затворени воздушните простори на Израел, Иран, Ирак, Сирија и други држави, погодени се повеќе од 1.100 летови, соопшти денеска Агенцијата за давање услуги во воздушниот простор на Босна и Херцеговина (BHANSA).

Во соопштението се наведува дека повеќе меѓународни компании, вклучувајќи ги „Егеан“, „Ер Франс“, „КЛМ“, „Бритиш ервејз“, „Иберија“, „ЛОТ“, „Луфтханза“, „Туркиш ерлајнс“, „Катар ервејз“ и „Виз ер“ (Wizz Air), привремено ги суспендирале или откажале летовите кон Катар, Кувајт, Либан, Сирија, Ирак, Иран, Јордан, Дубаи и Израел, односно кон дестинациите што биле во нивниот оперативен план, пренесува „Аваз“.

Се очекува дел од воздушниот сообраќај да биде пренасочен преку алтернативни рути над Саудиска Арабија, Египет, Кипар, Турција и југоисточна Европа, а во тој контекст можно е благо зголемување на транзитниот сообраќај и низ воздушниот простор на Босна и Херцеговина.