Поради лошото време, работите на тетовскиот стадион се прекинати – Касами: Продолжуваме интензивно во март, ќе биде готов во текот на 2025 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градежните работи на стадионот на град Тетово се прекинати поради климатските услови, но градоначалникот на Тетово, Билал Касами, вели дека од март интензивно ќе продолжат. Тој верува дека во текот на 2025 година трибината ќе биде готова.

„Работите на градскиот стадион продолжуваат, но сега во овој период поради климатските услови таму не се работи. Исто така, до сега се работеше во делот на подземјето и секако тие работи не се видливи. Верувам дека од март ќе се продолжи со работа и ќе се покаже интензитетот на работите и ќе биде уште појасно со каков интензитет се работи. Верувам дека во текот на 2025 година ќе биде завршена трибината на која се работи. Динамиката е што со завршување на една, да се продолжи со следната трибина, една по една, за да не се прекинуваат натпреварите кои се играат на градскиот стадион.“, изјави Касами.

Во буџетот на општината за 2025 година не се предвидени средства за стадионот, но шефот за финансии Нуредин Деари вели дека инвестицијата ќе ја реализира транспортната компанија.

„Не. Градскиот стадион е инвестиција која ќе ја врши Транспортната компанија и не е вклучена. Градскиот стадион е дополнителна инвестиција која се надоврзува на овие 16 милиони евра за 2025 година.“, рече Нуредин Деари.

Градскиот стадион во Тетово врз основа на проектот е изграден според стандардите што ги бара УЕФА и истиот мора да биде завршен во 2026 година.