Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој престојува во Брисел на покана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, изјави дека Северна Македонија и целиот Западен Балкан имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, но мора да ги завршиме задачите што стојат пред нас.
„Примивме позитивни пораки дека постои нов моментум за европската интеграција на нашата земја и на регионот. Овој моментум стана особено важен по руската инвазија врз Украина, кога и во Брисел ја сфатија потребата од интеграција на Западниот Балкан во ЕУ“, изјави Фетаи.
Тој додаде дека на Конференцијата за состојбите на Европа, каде се дискутираше за политиката на проширување на ЕУ, беа потврдени очекувањата:
„Потребно е да ги завршиме уставните измени, што ќе овозможи отворање преговори со ЕУ“, нагласи вицепремиерот.