Не се ретки случаите кога фудбалери, кошаркари и други спортисти прогласуваат банкрот, и покрај тоа што во текот на кариерата играле за добри клубови, и заработувале милиони.
Таква е ситуацијата со холандскиот фудбалер Ројстон Дренте. Овој играч играше за Реал Мадрид, како и за неколку други клубови како Феенорд, Евертон, Ридинг, а сега игра за третолигаш од Холандија.
Дренте на 18-годишна возраст потпиша за „кралевите“, таму заигра неколку пати, меѓутоа не направи значајна кариера.
Дренте објави дека прогласува банкрот.
„Влезе во постапка за личен стечај“, пишуваат холандските медиуми.
Во едно интервју нодамна Дренте призна дека потрошил премногу пари.
„Живеев луксузно, потрошив милиони“, рече Дренте.
Инаку Дренте заработи најмалку 3,5 милиони евра, а не открил на што успеал да ги потроши.
Интересно е тоа што само што потпиша за Реал Мадрид во 2007 година, гостуваше со тогашната млада селекција на Холандија во Скопје. Неговата репрезентација триумфираше со 0:1 над македонскиот национален тим.
