Пораз од седум разлика на Македонија против Фарски Острови во баражот за СП

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонија загуби од Фарски Острови во првиот бараж натпревар за пласман на Светското ракометно првенство со 34-27, и направи огромен чекор назад кон Мундијалот.

Избраниците на Кире Лазаров не одиграа добар натпревар, беа лоши и во двете полувремиња, а грешките само се таложеа. Знаеја и да направат серија од 2-3 гола и да се доближат, но тоа беше премалку да се дојде до подобар резултат.

Македонската одбрана немаше решение за Елефсен кој постигна 10 голови. Кај македонската селекција најефикасен беше Филип Кузмановски кој постигна осум голови.