Порше, Мерцедес, БМВ се само дел од конфискуваните нерегистрирани автомобили во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Порше, БМВ  и Мерцедес, се дел од автомобилите кои се конфискувани од полицијата последните 3 месеци во Тетово и Гостивар. Со законските измени за патниот сообраќај, автомобилите кои не се регистрирани над 6 месеци се конфискуваат за 90 дена. За три месеци во овој регион се конфискувани 50 автомобили. Истите ќе им се вратат на сопствениците но под услов прво да ги регистрираат. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи вели дека овие законски измени придонесуваат да имаме намален број на нерегистрирани автомобили во сообраќај.

„Од почетокот на ова години кога стапија на сила законските измени за безбедноста на патниот сообраќај, вкупно се конфискувани 50 автомобили кои не биле регистрирани над 6 месеци и истите стојат во сообраќајните полициските станици во Тетово и Гостивар. По рокот од 90 дена ќе им бидат вратени на сопствениците но со предуслов истите да се регистрираат претходно. СВР апелира до граѓаните да ги регистрираат автомобилите и да не управуваат со коли без регистрација и да придонесат во безбедноста на сообраќајот и одржување на безбедноста на сообраќајот“, истакна Фатмир Реџепи.

Според законот кој стапи на сила во 2021 година, сопствениците за да ги земат конфискуваните автомобили треба да ја подготват потребната документација, да платат осигурување и техничка контрола . СВР Тетово во соработка со МВР ги зголемија контролите, посебно во полошкиот регион, а минатата недела за само 24 часа од вкупни 304 казни изречени во територијата на  државава ,  194 биле изречени во овој регион.