Португалскиот претседател: Тестот на корона е НЕГАТИВЕН, но останувам во изолација, сакам да дадам пример!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соса (71) денеска разговараше со новинарите од балконот на првиот кат од неговиот дом и рече дека ќе остане во изолација наредните две недели, иако тестирањето покажа дека тој е негативен за вирусот корона.

Тој рече дека тоа претставува пример за португалските граѓани, пренесува Ројтерс.

„Тестот беше негативен. Но, ќе продолжам да работам од дома и покрај тоа што сум негативен во наредните 15 дена. Сакам да дадам пример“, рече Де Соуса.

Во Португалија 35 лица се заразиле со вирусот.