Поскапување на цените! Ќе можат ли да издржат граѓаните? – „Ура, ура на почеток на месецот, потоа остануваме без пари“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Граѓаните на зелениот пазар со полни кеси зеленчук и овошје. Иако цените на производите се покачени, тие велат дека мора да се јаде и да се купат основните работи. На пазар ја сретнавме баба Верка Анастасова која прима пензија од 10 илјади денари. Вели дека успева да купи од се по малку.

Трговците  на зелен пазар    велат дека цените не се многу високи туку стандардот на граѓаните е низок.

Стопанската комора пред еден месец побара од владата мерки за ублажување на последиците со кои ќе се соочат компаниите но и потрошувачите, поради поскапувањето на електричната енергија, горивата и прехранбените производи на светско ниво. Но властите со став дека нема да има ценовен шок за граѓаните, а доколку се случи такво нешто тогаш  ќе се замрзнат цените на производите. Поскапувањето првично се одрази  на електричната енергија. Одредени бизниси  добиле повисоки сметки, дури  до 60%, објавија  од РКЕ оправдувајќи го ова сои покачувањето на цените во светски рамки.