Поскапувањето на струјата ќе го почувствуваме во зима – Димитров: Мерките се политички, домаќинствата се гласачка машинерија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мерката за одредување нова цена на струја е политичка, смета експертот од областа на енергетика, Константин Димитров, додавајќи дека мерките за помош на домаќинствата јасно покажуваат дека станува збор за политика, бидејќи тука е гласачката машинерија. Според него, претстојната зима ќе биде најтешка. Ако три години по ред производството на електричната енергија се намалува од Електрани на Македонија, многу повеќе пари ќе потрошиме за купување струја. 

Цената не е реална, смета Димитров и побара од граѓаните да сфатат дека и електричната енергија е стока која има одредена цена.

Овие реакции уследија откако беше донесена одлука за поскапување на струјата за 7,4% за домаќинствата. Експертите од областа сметаат дека оваа криза граѓаните најмногу ќе ја почувствуваат во текот на зимата.