Најмалку дваесет училишта во Унгарија мораа да бидат евакуирани во четвртокот наутро поради закани за бомби, јавуваат унгарските медиуми.
Порталот Индекс објави дека најмалку 20 училишта морале да бидат евакуирани во Будимпешта и надвор од главниот град поради закани за бомби. Националната полиција соопшти дека се верува дека заканувачките мејлови доаѓаат од истата адреса, додавајќи дека започнала истрага.
Премиерот Виктор Орбан изјави дека е во контакт со министерот за внатрешни работи во врска со заканите за бомби во неколку училишта низ Унгарија.
„Ќе ја зајакнеме безбедноста на спорните училишта и ќе ги истражиме заканите со бомби“, нагласи Орбан на Фејсбук.
Вчера закани за бомби имаше низ десетици училишта во Бугарија во повеќе градови.
